Ваташкото училиште „Даскал Камче“
Ова е фотографија од старото ваташкото училиште “Даскал Камче“, изградено во 1860 година за време кога главен учител бил Андон Грков, било долго 20 м., широко 12 м., имало две големи училници кои собирале по 60 ученици, соба за учителот, соба за владиката, и остава за служителот. Во него во 1901 година Гоце Делчев одржал величенствен собир на кој присуствувале повеќе од 300 луѓе.
Од архивата на Музеј-галерија