Усвоен кварталниот извештај од буџетот за 2018-та година
Поради одржување на Комисиите кои во функција на Советот треба да ги пртресат повекето материјали за седницата, истата започна час и половина подоцна од закажаниот тремин 12 часот.
Главно не се расправаше а беа усвоени речиси сите - предлог одлуки поставени на дневен ред.Со дополнителните се работи за 29 - материјали од различни области.
Накратко речиси без или минимална дискусија се донесе и усвои предлог кварталниот трет дел од буџетот за 2018 година,предлог програмите за:поставување времени објекти,неколку урбанистички предлог одлуки, за одржување на локалните патишта во зимски услови, за контрола и грижа за безомните кучиња,бесплатно користње на лизгалиште кое наскоро ке биде активирано,за дефинирање на неколку законски решенија поврзани со доставување на стока, примање на донација од фирмите;Кожувчанка,Метал Апостолов, Бошава, и Дрексмајер.На 17 седница денеска беше донесена програмата за дочек на нова година ( 2019) , а се расправаше и по други материјали поврзани со зонското паркирање и фукционирањето на новото јавно претпријатие за паркиралишта и други материјали.