Синоќа во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ беше отворена изложба на уметнички фотографии на Љупчо Илиевски од Скопје, насловена како “Припитомување на крикот“.
На изложбата за авторот говореа Владимир Темков-одговорен за ликовна уметност и директорот на Домот на Културата Александар Малинков.Истивремено беседа за своето творештво одржа и самиот автор.
Љупчо Илиевски спаѓа во редот на најистакнатите македонски фотографи.Припадник е на средната генерација фотографи, кој негува специфичен, уметнички стил и силен авторски печат. Засега, е единствениот фотограф од Македонија чии фотографии за мегалитската опсерваторија Кокино се објавени во српското издание на престижното специјализирано списание за фотографија „National Geographic“. Изложбата е во рамките на Манифестацијата “Кавадаречка културна есен 2018“