МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

111233.jpg

Во акцијата која ке се спроведува овој и наредниот викенд ке се засадат 7.000 багремови садници.Во организација на Локалната самоуправа Кавадарци и Шумското стопанство „Бор„ ке пошумуваат вработени од Компанија Дрекслмајер.

6.000 вработени за 6.000 садници - тоа е симболиката во ова акција, кон која ке бидат придодадени уште 1.000(вкупно 7.00)кои на локацијата „Журов дол“ или „Добров дол„ во Ваташа треба да бидат засадени во сабота и недела, 1 и 2 декември и наредниот викенд“.Акцијата ја организира Локалната самоуправа на Кавадарци, градоначалникот Митко Јанчев, Компанијата “Дрекслмајер„ со целосна логистика на Подружницата на ШС „Бор„ од Кавадарци.

Денеска на лице место локацијата ја посетија директорот на подружницата на БОР во Кавадарци Блаже Бошески и директорот на Компанијата Лукас Мурингер, со раководителот на Подружницата за заштита на шумите Петко Ристовски за да направат увид на локацијата, теренот за садење и условите како тоа да се направи ,за да биде се ефикасно и квалитетно направено.

Беа практично тестирани алатите за извршување на ова важна работа, кои ги донира Дрексмајер, беа посадени повеке багремови дрвца, а овој и наредниот викенд се очекува да бидат посадени многу повеќе. Инаку овде веќе се засадени слични садници минатата година..

Градоначалникот Јанчев, ја поздравува ова активност и ветува дека ке посветува големо внимание за ерозивните региони околу градот и Општината со цел да се намалат свлечиштата кои можат да направат големи проблеми, како пред некоја година , во регионот на село КО Ваташа и пред една-две децении кај Моклиште.

Планирано е во акцијата за пошумување да се вклучат главно вработени во компанијата Дрексмајер со стручен надзор на шумарски стручњаци од Подружницата на ШС„Бор„ Кавадарци.

2.jpg

444555.jpg

32211334.jpg

1112.jpg