МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Вчера на едно место поворно беа заедно сите исполнители и организаторот на Меѓународниот детски фестивал „Гроздоберче 2018„. На сите учесници им беа доделени подароци од спонзорите на фестивалот а истовремено тие добија благодарници за учество на ова долгогодишна музичка манифестацијаа.

Аудио материјалот е снимен во студиото на „ COMPACT PRODUCTION“ под раковоство на продуцентот и аранжер Пепи Ангелов, а на средбата вчера беше промовирано и ДВД изданието на РТК.МК . До нова година планирани се други настапи на Гроздоберчињата.

Телеком и годинава заедно со останатите пријатели е спонзор на фестивалот. Се разбира овде се постојаните покровители; Кожувчанка,градоначалникот и Советот на Општина Кавадарци, Канал 77 .Минекс и другите пријатели на овој веќе етаблиран и многу популарен фестивал на детски песнички.Подржувач на фестивалот е Центарот за странски јазици “Максима еду„ кој додели на секое дете ваучер во вредност од 3.000 денари.

Домаќин на средбата вчера беше Ресторан „Boulevard“.

Годинава беа исполнети нови 22 песнички.