МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На прес конференција денеска опозиционата ВМРО-ДПМНЕ изрази незадоволство од практикување на ветените работи за земјоделците на претходните избори од страна на владеачката СДСМ.

„Почитувани,

Владата на СДСМ и Зоран Заев продолжуваат да ги лажат и манипулираат граѓаните на Република Македонија.

Ова што во моментот се случува со земјоделието во државата е крајно неодговорно и несовесно менаџирање на власта.

Ветуваа брда и долини во земјоделието но реалната ситуација е сосема поинаква. Поголем дел од праските оваа година завршија во депониите и на нивите. Јаболките исто така останаа неоткупени.

Нема ништо од ветувањата дека кога СДСМ ќе дошле на власт откупувачите ќе се тепале кој да ги откупи земјоделските производи, ниту пак дека цените ќе растат и ќе немало да остане ниту еден килограм неоткупен.

Со еден збор, се што кажа СДСМ и Зоран Заев за се излажа.

Повеќе од две години власт на СДСМ народот секојдневно плаќа над три денари повисока нафта поради акцизата која ја воведе Зоран Заев.

Зелената нафта е само уште една лага на власт. Оваа популистичка мерка ќе важи само за 55.000 земјоделци, а во Македонија има преку 100.000 регистрирани земјоделци.

Затоа јавно го прашуваме Заев и министерот за земјоделие Димковски дали со оваа мерка ќе се задоволат само апетитите на партиските послушници на СДСМ, додека другите земјоделци мака мачат?

500 денари нафта за земјоделско стопанство кое има лозови или овошни насади до 1 хектар е целосно потценување на маката и трудот на земјоделецот.

Власта нема идеа, ниту пак концепт за откупот на грозјето.

Според неофицијални информации се предвидува винариите во Тиквешијата да не вршат откуп на грозје со целосен капацитет, со што над 40 милиони килограми на грозје ќе остане на нивите.

Наместо да ги решаваат реалните проблеми во земјоделието,власта на СДСМ и Заев спроведуваат политички прогон во вработените во министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

Вработени се разместуваат од град во град се со цел раководните лица на СДСМ да си ги задоволат личните суети.

Господа од СДСМ!

Уште колку години власт ќе ви треба за конечно да го исплатите ветениот денар за килограм предадено грозје минатата година?

Кога ќе ги исплатите дополнителните 20% субвенции на регистрираните земјоделци?

Кога ќе почнете на дело да ја спроведете мерката млад земјоделец?

Кога ќе ги обештете лозарите од Винариите Повардарие и Стефани винарија или тоа ви беше само еден ефтин политички маркетинг за претседателските избори?

До каде е реализацијата на ИПАРД програмата за земјоделската механизација?

Почитувани,

Егзистенцијата на земјоделците е алармантна, а виновници за тоа се Зоран Заев и СДСМ.

Ова пустошење во земјоделието мора веднаш да престане и затоа потребно е заминување час поскоро на Зоран Заев и СДСМ.

Потребна е влада која ќе се грижи за земјоделците, а ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи тоа многу брзо.“-се наведува во соопштението од прес конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.