МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Три месеци откако тиквешките точакџии им овозможија на голем број кавадарчани, но и македонци на велосипед и пеш да се запознаат со Алшар и мистичноста на Кожув планина, македонската јавност има нова можност да ги доживее недопрените предели на Кожув.

Во организација на офроад клубот „Трибор“ од Кавадарци, следната недела, 25 септември, ќе се оддржи првото издание на „Off Road All" во кое сите вљубеници на возењето во офроад услови ќе можат да уживаат во убавините на Кожув.

Според планираното, турнејата ќе стартува во недела, 25 септември, во 7 часот, пред ресторан „Белисимо“, од каде моќните машини со погон на четири тркала ќе се упатат кон Мрежичко, Рожден Арничко, Мешник, Трибор, Караула, Г. Козјак, М. Круша, Г. Круша, Мајден и Михајлово.

Можност да учествуваат на оваа прва, но доста интересна турнеја имаат сите вљубеници во офроад возењето кои поседуваат возило со погон на четири тркала, и истото е бесплатно. Сите заинтересирани можат да го потврдат своето учество на телефонските броеви 078215005 и 070677771.