Реализирана уште една едукативна и превентивна акција во Кавадарци
Акцијата се однесува на превенција од употреба на петардите, во организација на МВР, ООУ Страшо Пинџур од Кавадарци и Општинскиот Совет за превенција од детско престапништво на храд Кавадарци.
Имено вчера во училиштето Страшо Пинџур од страна на инспектор за превенција од МВР - ПС-ОН Кавадарци со учениците од 5-то одделение беше реализирана едукативна работилница за превенција од употреба на петарди, а на учениците им беше дадена задача да изготват новогодишни честитки во плико со пораки против употребата на петарди.
Ваквите пораки децата ги поделија денеска на Градскиот плоштад на случајни минувачи со оглед на тоа што беше пазарен ден и имаше голема раздвиженост на граѓаните.Пораките кои директоно доаѓаат од децата , беа примено со општа прифатеност од граѓаните .
Инаку од година во година, како се одвива ова активност на одделението за превентива при ПС од ОН Кавадарци,се намалува таа еуфорија поврзана со петардите .Тоа е повеќе од видливо, и токму ова ова акција има влијание кај свеста на децата ,петадите да не ги употребуваат или тоа да го сведат на симболика.