Поради сериозноста на повредата ловецот е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза„
„На 12.12.2018 година околу 10,30 часот пријавено е дека во село Команичево, кавадаречко, на место викано „Врапче“, при лов, М.Ц.(68) од Кавадарци, се здобил со прострелна рана во левата плешка, нанесена, според пријавеното, од страна на друг ловџија И.Ј. (27). На М.Ц. му е укажана лекарска помош во Медицински центар Кавадарци, каде му била констатитана тешка телесна повреда, по што бил упатен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.„- се наведува во денешниот Билтен на МВР.