Причините не се важни.Важно пропуштивте ретко добар џез концерт. Заврши „Кавадаречката културна есен „
Слаба посета за крај на Кавадречката културна есен.Еден час немаше да ви избега ниедна слава на Свети Никола, ако тоа беше причината ,ако сакавте да дојдете и да го погледате финалето на неколкумесечните културни случувања во Домот на Културата Перо Ангелов ФИШ и неговите пријатели од Штип направија одличен џез концерт. Нема да ви го раскажувам, зашто музика не се раскажува. Оние штп дојдоа, а беа малкумина уживаа во прекрасниот вокал на членката на бендот заедно со нејзините опријатели, еден од Кавадарци и останатите од Штип. Инаку "Jazzna Quartet", еден исклучителен џез бенд кој за сите љубители на убавата музика понуди исклучителни џез стандарди и нешто плус.Од мене браво !...
А инаку зад нас е уште едно успешно издание на традиционалната манифестација “Кавадаречка културна есен“. Изложби (ликовни, фотографски), концерти (класика, блуз, традиционална), театарски претстави (гостувачки, домашни, премиери и репризи), промоции на книги и друго беа дел од годинашното издание на манифестацијата.“Кавадаречка културна есен 2018“ започна со блуз концерт, а финишира со џез концерт.