МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Поплочување на улицата „7-Септември“

Гранитните коцки биле главниот градежен материјал за изградба на улиците во повоено Кавадарци.За таква работа требало да се биде добар мајстор.Еве од ретките бил мајстор Чедо, човекот кој постарите кавадарчани го паметат.Тој бил главниот неимар за поставување коцки.Од него научиле другите кои потоа ги граделе кавадаречките улици со коцки. На фотографијата се гледа уредувањето на улицата „7 Септември“ пред поранешен Офицерски дом-потоа Младински дом каде се одвиваше главната забава на Кавадарци, шеесетите,седумдесетите ,осумдесетите па и дел од деведесетите години на минатиоит век.Фотографијата е направена 1956 година.За жал не ни познат авторот, но Музеј Галеријата ја заштитила за вечен незаборав.