МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Донацијата ја примија директорите на 6 основни училишта од Кавадарци каде се школуваат 3.500 ученици.Вредноста на пречистувачте е 2.214.000 денари.Фондацијата ке продолжи со други донации наредната година.

Фондацијата „Никола Јанчев „ е формирана во чест на прерано починатиот сопственик на најпознатиорт бренд во Македонија за производство на минерална вода Никола Јанчев, и основната цел на нејзинoто постоење е да вложува средства и опрема за младите луѓе со цел да се унапреди или подобри живтот , работата и нивното образование.Во тоа засега успеваат и сета почит за Митко Јанчев и Јанинка Чупаркоска - син и ќерка на Никола, кои продолжуваат да ја развиваат „Кожувчанка„ -Кавадарци заедно со Синалко ,во најдобрите македонски брендови и производи .

Денешната средба покажа дека Фондацијата „Никола Јанчев“станува општествено одговорна кога се во прашање децата и младите, и е во склад со актуелностите поврзани со аеро загадувањето.Ним и на вработените во основните училишта им подари 120 прочистувачи за воздух во вредност од околу 36.000 евра ,( за секоја училница посебно) со цел да се прочистува воздухот во просториите во кој учениците престојуваат неколку часа.

Јанинка и Митко денеска им се обратија на присутните директори на Основните училипта од Кавадарци-праќајки пораки дека за децата треба сите да водиме грижа и да настојуваме нивното образование да биде оптимално, без проблеми, поради што и тие како дел од ова фондација , водат ,многу сметка. Досега Фондацијата има доделено 36 стипендии на ученици и студенти во вредност од 10.000 евра.Фондацијата и во иднина ке вложува таму каде ќе оцени дека треба да се донираат средства или опрема за подобрување на квалитетот на обрзованието и активности поврзани со тоа.

На својата службена страница Фoндацијата помести поширока репортажа од денешната свеченост во кое е наведено :

„По повод верскиот празник „Свети Никола“, фондацијата „Никола Јанчев“ во соработка со градоначалникот и советот на општина Кавадарци денеска на свеченост во компанијата „Кожувчанка“ на директорите на шесте Општински основни училишта од Кавадарци им ги врачи ваучерите за донацијата на прочистувачи на воздухот.

Ваучерите за вкупно 120 прочистувачи на воздух ги додели директорката на компанијата „Кожувчанка“ и на фондацијата, госпоѓа Јанинка Чупаркоска. „Целта ни е хуманоста. Пред неколку месеци доделивме 36 стипендии на основци, средношколци и студенти. Денеска доделуваме прочистувачи на воздух во училниците во правец на унапредување и заштита на животната средина пред се за децата“ рече Чупаркоска и нагласи и дека и во иднина фондацијата ќе се води од нивната стратешка цел.

Градоначлникот м-р. Митко Јанчев, кој присуствуваше на доделувањето, истакна дека најголем дел од средтвата за оваа донација се од неговата градоначалничка плата која што ја донира во фондацијата, но и средства од нивната компанија.

Директорите имаат обврска прочистувачите да ги стават во функција најдоцна до понеделник, од кога околу 3500 основци од Кавадарци, во своите училници ќе имаат прочистувачи на воздух.

Од името на учениците и родителите благодарност за вредната донација упатија директорите на училиштата.

Вредноста на уредите е 36 илјади евра, а истите ќе бидат распоредени согласно бројот на учениците и тоа: 23 прочистувачи во ООУ „Тошо Велков-Пепето“, 22 во ООУ „Страшо Пинџур“, по 19 прочистувачи ќе добијат училиштата „Тоде Хаџи-Тефов“ и „Димката Ангелов-Габерот“ Ваташа, додека 18 прочистувачи ќе добие ООУ „Гоце Делчев“, а 15 филтри ќе бидат распоредени во исто толку училници во ООУ „Димката Ангелов-Габерот“ Кавадарци.“

4838520000.jpg

0000000000000000000000022.jpg

0000000000000000222.jpg

2233400.jpg