МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во објектот „Снежана„ на ДУ „Рада Поцева„ денеска се одржа пригодна свеченост посветена на Василица- Православа Нова година.Овде на децата чоколада им подари претседетателт на Советот Ристо Сакалиев.

Приредби и пригодни настапи со практикување на обичајот за бркање на лошите духодови во рамките на вековната традиција беа одржани и во останатите објекти на Детската градинка „Рада Поцева„ во Кавадарци каде се згрижение над 1.000 деца.Сите деца добија чоколада на подарок.Tие пак на претсдетелот на Советот Ристо Сакалиев му врачија пригоден подарок наоравен од нивните раце.

Претседателот на Советот на општина Кавадарци Ристо Сакалиев денеска најави нови капацитети за најмладите, бидејќи градот има потреба од нова градинка. Тој го посети објектот “Снежана” од градинката “Рада Поцева” и им подели подароци на дечињата. Во моментов во градинката се згрижени околу илјада и триесет деца. Капацитетот е околу петстотини до шестотини. На листа на чекање се околу триста деца.

-Акцентот е ставен на изградба на нови детски градинки, тоа е приоритет, за да има подобри услови за најмладите. Децата се во многу поголем број отколку што треба во училниците, приоритет ќе дадеме на изградба на нови објекти, но и оспособување на овие што се при крај со изградбата и мислам дека за наредна година дека нема да го имаме тој проблем. Градоначалникот е зафатен со таа работа, Советот, рече Сакалиев.

Директорката на градинката Цанка Добринова рече дека успешно се снаоѓаат и покрај доста големиот квантитет и дека имаат квалитет во работата.

-Сега засега сме добри меѓутоа во догледно време ќе има и нови вработувања, има најава од централната власт и мислам дека условите ќе бидат уште подобри со новиот персонал. Има побарувачка за работни места меѓутоа тоа си оди горе од централната власт ако добиеме согласност инаку нас ни треба работен кадар, додаде Добринова.