МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Како продолжување на последната работна посета во Хрватска и Словенија и во нејзиниот дух на соработка и вмрежување меѓу учесниците – општинските советници и претставниците на УНДП, на иницијатива на Претседателот на општинскиот Совет на Кавадарци Ристо Сакалиев и со поддршка на членовите на тимот на Проект: Зајакнување на општинските совети на УНДП денеска се организира Средба за вмрежување на советници. На присутните преставници од советите на Општините Чаир, Карпош.Куманово, Струмица, Свети Николе,Велес,Валандово и Кавадарци им се обрати градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.Тој говореше за фунционирањето на Општината посебно на проектот МОЈ Општинар, за што се осврна и преставникот на овој сектор Лазе Кузманов. Јанчев ги запозна присутните и со другите форми на финкционирање на ; администрацијата ,наплатата на даноците, санирање на комунални проблеми,решавање на проблемите од долгорочен и краткорочен карактер и друго.

Тоа и беше целта на оваа средба ; презентација на начинот на функционирање на општина Кавадарци, клучни предизвици и постигнувања во работата, со посебен осврт на активностите на општинскиот Совет, како и размена на искуства и практики во локалната самоуправа на национално ниво, споредено со други регионални и меѓународни позитивни практики кои се применуваат во системите на локална самоуправа и децентрализација.Претседателите на Советоте и дригите присутни се интересираа на начинот на елеминирање на административните и бирократски бариери во Кавадарци која за една година е пример во Македонија, како партиуските и други разлики, се надминуваат за сметка на ингреесите на граѓаните.

000567899999.jpg

0000435556.jpg

7778890000.jpg

00020181221142339.jpg