Планинарот се изгубил вчера околу 14 часот.Се трага по него.
Планинар од Скопје се изгубил кај врвот “Орле” на планината „Вишешнница„. Се трага по него. Како што информираат утринава од МВР вчера околу 14 часот во полициската станица од општа надлежност во Кавадарци било примено известување дека на пат кон врвот “Орле”кај селото Галиште се изгубиле пет лица планинари од Скопје.
-Едно од нив веќе два дена било издвоено, додека четирите биле без храна и вода. Во потрагата беше вклучена екипа на МВР со хеликоптер, со цел пронаоѓање на лицата. Четирите од нив беа пронајдени, по петото сеуште се трага, соопштуваат од МВР.