Кавадарци во времето на Првата светска војна.
Ова е времето кога Али Газелник беговата или Чарши џамија од страна на француските воени власти била претворена во болница, а пред џамијата може да се види и болничко возило. Десно е Градскиот пазар со вообичаените земјоделски производи. Фотографијата е од ноември 1915 година.
П.Камчевски
Инаку бурното време на Првата светска војна , го понесе со целиот свој терет на разурувања и многу човечки жртви токму народот од балканските простори а особено македонскиот народ, кој во тоа време немал своја држава а постојано бил под окупација: на Србија, Бугарија или Грција и други надворешни влијанија.Кавадарци бил на „ветрометина„ особено периодот од 1908 до 1918 година кога станува дел од кралството СХС.
Фотографијата која ја гледате многу зборува за приликите тоа време.