МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

21 година ги усреќува децата.Светот на имагинацијата им го прави стварност.Тоа е Ѓорѓи Вареловски - Дедо Мраз од Кавадарци-човекот со големо срце и неизмерна хуманост за сите

Кога се започна пред 21 година, тој веруваше дека еден ден сите ќе го знаат и ќе доаѓаат кај него.Но другите не веруваа во тоа.ЗАтоа и на почетокоот тој немаше поддршка .Сега не е така.Неговата верба дека светот останува на децата, а за трошка радост не треба многу, само магија, има исполнување, и сите други сограѓани и ние тоа го гледаме .

„Реки“ деца со родители нивни блиски доаѓаат секојневно во неговиот дом во населбата над Градскиот Стадион, каде тој го направил својот свет од бајките.Само првите два дена го посетиле над 300 деца.Се е во знакот на Нова година. Од влезот до сите делови на дворната пивршина.Ликови од детските книги, бајките побврзани со Дедо мраз, но и предмети од старо време,базенчиња,елки,фигури на ликови кои децата најмногу ги препознаваат.Светот кој Варелосвки го направил е наменет за децата но не е забрането да го видат и повозрасните.

Неговиот дом досега ги посетиле илјадници деца од Кавадарци и Македонија , но и од странство.Доаѓаат автобуси,со ученици, однапред најавени, а тој (Дедо мраз) им организира посета на фабриката Кожувчанка,ВВ Тиквеш Ангопромет-Тивешанка, Споменикот на 12-другари и други фирми и знаменитости и така им го исполнува времето.Кај него се е бесплатно, престојот а пред се новогодишното пакетче.Средствата за ова негова хумана работа ги обезбдува само или со помош на спонзори на една или повеќе компании од градот, а донаторските средства кој ги оставаат граѓаните ги „претвара„ во подароци или донации на Божиќ на социјално загрозени семејства или го наменува за в година за набавка на нови подароци.

Треба да кажеме во ова негова хумана мисија му помага неговата сопруга, и блиските од семејството Вареловски

РТК.МК со екипа беше во царството на Дедо Мраз и разговараше со него.

8009999999999999999999.jpg

00054322222.jpg