На последната седница на Советот на Општина Кавадарци во тензична атмосфера при гласањето беше дадено зелено светло за големување на цената на водата за пиење односно одределување на тарифирањето на цената на водата за периодот 2021-2023 година.
Денеска ЈП „Комуналец„-Кавадарци објаснува и потенцира дека во 2021 година цената на метар кубен вода нема да се зголемува а во 2022 година ке има зголемување од неполн денар. Истовремено во 2023 година предвидено е намалување на цената на метар кубен вода за правните субјекти.
Еве што во денешното соопштение прецизно објаснува ЈП „Комуналец“ во врска со ова важно прашање поврзано со животниот стандард на граѓаните-домашниот буџет на граѓаните истовремено и деловното работење на фирмите.
Интрегрален текст:
„Почитувани,
Во врска со Одлуката за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП Комуналец Кавадарци, за регулиран период од 2021-2023 година донесена од Управниот Одбор на ЈП Комуналец Кавадарци Ве известуваме дека согласно Законот за утврдување на цени на водните услуги како и Правилникот за начинот и постапката за утврдување на тарифа за водна услуга и на регулаторна тарифа за водна услуга, методологијата за определување на тарифите за определувањена водна услуга и упатството за подготвка на барањето за утврдување на тарифа за водна услуга, поднесоците и критериумите за оцена, до Регулаторна Комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија поднесено е барање заутврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување за регулиран период 2021-2023 година и врз основа на претходно изготвен Бизнис план во кој се прикажани реално очекуваните приходи и реалните трошоци за нормалноодвивање на претпријатието како и предвидени инвестиции за овој период Регулаторна Комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Решение за утврдување на тарифа за снабдување на вода за пиење или водоснабдување на ЈП Комуналец Кавадарци за регулиран период 2021-2023 година со процентуален опсег колку може давателот на услугата да влијае врз висината нацената. При донесувањето на гореспоменатата Одлука Ве известуваме дека строго се внимаваше предложените цени да се во согласно дозволениот минимален опсег а со цел да не дојде до поголемо оптеретување на буџетот на граѓаните од една страна и доследно спроведување на Законот за утврдување на цени на водните услуги од друга страна. Затоа во 2021 цената на вода останува иста која што спроредбено со цените на вода за пиење и водоснабдување во државата е меѓу најниските цени, додека пак цената за вода во 2022 година е со зголемување во неполн денар по метар кубен а во 2023 година е предвидено намалување на цената на вода за правните лица установи. Сето ова е во согласност со Решението за утврдување на тарифа за снабдување на вода за пиење или водоснабдување донесено од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги која што е единствено тело кое ја регулира цената на вода за пиење или водоснабдување исто како што ја регулира и цената на горивата на електричната енергија, топлинска енергија, нафта и нафтени деривати обновливи извори водни услуги. Со Почит ЈП Комуналец Кавадарци„.
- се наведува во соопштенито на ЈП„Комуналец„-Кавадарци.