МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ВО ТИКВЕШИЈАТА ВО ПОЛН ЕК, Е БЕРБАТА НА „КРАТОШИЈА-ВРАНЕЦ“,ЦРВЕНА СОРТА НА ГРОЗЈЕ. ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН ОТКУП. СЕ НАЈАВУВА СТАБИЛНО ВРЕМЕ И СИГУРНА БЕРБА.

Тоа што вчера не забележавме ниеден трактор пред вратите на познатите откупувачи на грозје во Кавадарци, и атарот на Сопот, е малку невообичаено за нас кои долги години ја следиме состојбата со бербата на грозје. Гласно се коментира дека во прашање е забрзана берба, со цел винското грозје да не го „фати“ дождот па така да не се изгуби некој малиган шекерност. Лозарите на момент се загрижени - што ќе прават со родот, дали грозјето ќе остане на нивите или ќе мора да го варат ракија, па макар има и такви кои велат дека дел од него веќе почнало да скапува на виновите лози. Сите бараат надминување на ова позиција, без политички профити од ниедна страна.

Вистинскиот гроздобер кај нас во Тиквешијата допрва претстои, треба да се обере и преработи најзтапената сорта „смедеревка“.

grozje.jpg

„Не знаеме зошто другите пунктови не откупуваат грозје, иако и кога откупуваа, најголемиот дел од нив не го почитуваа договорот за откуп и плаќање според шеќерни единици, што беше постигнат помеѓу лозарите и винарите со посредство на Министерството за земјоделство“, велат лозарите.

Од ВВ „Повардарие“ од Неготино тврдат дека нема од нивна страна затварање на пунктовите за откуп. Тие имаат ограничен капацитет за прием за преработка. Лозарите треба да знаат дека тие не можат да откупат и да го преработат наеднаш целото понудено грозје што ќе го донесат. Се прават обиди да се стави ред во откупот со поделба на белешки на дел од лозарите за дневен прием. Но,сепак има лозари кои не ги почитуваат тие препораки, и без да се консултираат берат а потоа чекаат со часови и денови пред винарската визба. Во моментов, велат одовде, тие се пренатрупани со грозје. Сепак како комбинат не сакаат да прибираат неквалитетна суровина и велат дека нема да откупуваат расипано грозје.

Во ВВ „Тиквеш“ немаат никакви проблеми за откуп, а инспекторите се евидентно на терен за да видат дали Законот се спроведува. Инаку, винарските визби го диктираат темпото на откуп според нивните можности и капацитети. Тие потврдуваат дека нема затворени пунктови од страна на инспекторите.

Според портпролот на Министерството за Земјоделие и Соња Трајковска нема пречки бербата на „вранецот“ да продолжи. На терен се инспектори на Државниот инспекторат за земјоделие кои го следат законското исполнување на договореното на лозарите и винариите.

Винариите го диктираат откупот и единствено тие се пазарниот фактор кој одлучува колкава количина ќе откупи. За цената договор има и тоа мора да се почитува. Прашањето со шекерноста исто така влијае на исполнувањеата на ветеното кај откупувачите и на винариите. Сите инспектори се на терен и се следи состојбата тековно.

grozje_1.jpg

Градоначалникот на Општина Кавадарци ја следи состојбата и е на интензивни средби во Министерството за земјоделие со цел да се забрза откупот и разрешат дилемите кои се присутни во моментов. Одовде коментираат дека заради вчерашната најавата од нови врнежи, лозарите берат грозје одеднаш, некаде со намалена шекерност па така дошло и до одредени проблеми кај одделни откупувачи, поради што набраните количини во неможност да се соберат или преработат се пренасочувале кај други откупувачи. Грозје се бере без најава и се ствара проблематичен откуп. Градоначалникот апелира на трпение со цел надминување на состојбата .

Инаку најавените количини за прибирање на црвено грозје за винариите не се исполнети ни оддалеку, според тоа допрва треба да се откупува црвено грозје.

Општинската Организација на СДСМ Кавадарци вчера на прес конференција, дознаваме од интернет порталот ktv.mk, побарале заради состојбата, Советот на Општина Кавадарци да свика итна седница да се формира кризен штаб. Во соопштението на СДСМ се наведува дека има само неколку поединечни случаи на откуп на грозје и инсистираат да нема селекција. Дополнителен проблем е тоа што на најголем број лозари не им е исплатен откупот за 2015, па дури и 2014 година, додека пак Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци апелира да не се злоупотребуваат маките на граѓаните и да не се обидуваат на нивен грб да се собираат политички поени и да се прави политички маркетинг. Ако некој знае што се погрешни политики за земјоделието тоа се лозарите, бидејќи го осетија тоа на своја кожа кога СДСМ беше на власт и најголемите винарии им ги подари на нивните олигарси.

Временските услови од денеска се смирувачки, веројатно ке бидат поволни. Во наредните 10-тина дена не се најавува дожд, што донекаде ја смирува ситуацијата. Со дневни температури до 24 степени, главно со сонце и малку облаци, може да се обави добра берба, се надеваме без тензични состојби, и со исполнување на договореното пред се меѓу винарите и лозарите.

.