МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„На 11.03.2022 во 17.55 часот било пријавено дека кај поранешниот авто-полигон во Кавадарци, патничко возило „пежо“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.Б.(42) од Кавадарци, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Д.Б.(24), а со телесни повреди се здобила сопатничката С.Б.(22), и двете од Кавадарци, констатирани во Општата болница во Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци“- се наведува во денеска објавениот билтен на МВР.