МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Изложбата со наслов ЛЕТ ВО МЕСТО за прв пат ке можат да ја видат граѓаните на Кавадарци.Таа е сублимат на најновото творештво на еден од најпознатите и најплодни македонски уметници мр.Владимир Темков.

Изложбата содржи 60 - слики со различен формат и големина, сите инспирирани од неговата прва слика

( создадена поодамна)на тема-птици, инспирирана од делото “Лет во место„ на познатиот драматур и писател Горан Срефановски.

Се работи за грандиозна изложба со богат колорит на бои на сите слики на Темков , која целиот простор каде е сместена(Галерија на Домот на Културата) го стоплува и го прави да биде една целина, со целата своја убавина.Во истовреме секоја слика може да преставува самостојна целина.

Темков ве поканува на изложбата во ПЕТОК НА 18 ЈАНУАРИ ВО 19.30 ЧАСОТ ВО ГАЛЕРИJАТА НА ДОМОТ НА КУЛТУРАТА „ИВАН МАЗОВ КЛИМЕ“.За изложбата ке зборува Академик проф. др. Блажо Боев .

20.jpg