МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ЉУБИТЕЛИТЕ НА УМЕТНОСТА МОЖАТ ДА СЕ ПОТСЕТАТ НА СИТЕ АКТИВНОСТИ НА КАВАДАРЕЧКИОТ МУЗЕЈ ПРЕЗЕНТИРАНИ НА ОКОЛУ 300 ФОТОГРАФИИ

Денеска напладне во просториите на локалната Музеј - галерија беше отворена изложбата „Музејот во Кавадарци низ фотографии 2018-2020“. Имено беа изложени околу 300 фотографии од архивската фото-документација на Локалната Музеј-галерија Кавадарци. Преку овие фотографии ретроспективно се презентирани моменти од отворање на изложби од ликовна и музејска дејност, од Спомен собата на Никола Бадев, од промоции и настани реализирани во последниве три години во Локалната Музеј-галерија Кавадарци.

На отварањето на изложбата говореа кустосите Трајче Цветков и Билјана Галабова како и авторот на изложбата, директорот на кавадаречкиот музеј Весна Ѓорѓиева.

м.в.