МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Непријатно одекна веста за смртта на Ангел Кимов-поранешен фудбалер на ФК Тиквеш, еден од најдобрите фудбалери - голгетери на сите времиња.

За него нема човек што го познавал, осoбено во фудбалските кругови да не каже дека му бил смерница како треба да игра фудбал како да се однесува во животот.Неговиот убистевен шут беше најчесто претваран во гол. Слобoдните удари најчесто ги изведуваше тој, зашто тој најсигурно знаеше каде да ја смести топката во голот.Ангел Кимов-Ано прерано не напушти.Почина на 71 година.Играше долго фудбал, но малкумина знаат дека тој беше и успешен ракометар на Тиквеш.

Сепак легендата ја стекна во фудбалот каде беше неприкосновен

Ангел Кимов е еден од најдобрите голгетери на сите времиња во Кавадарци.Омилен другар, соиграч,вистински соработник на зелениот терен но и надвор од него.Тој беше пример каков треба да биде вистинскиот спортист. Тој имаше ретко успешни колегијални и пријателски односи.Голем дел од неговите пријатели не се меѓу нас, но и понатаму има такви кои му беа пријатели и го познаваат се сеќаваат на него и неговите отворени дебати и мислења за разни случувања особено во фудбалот.

Најуспешниот период во историјата на ФК ТИКВЕШ е во 1970-тите. Предводен од Ангел Кимов и под водство на тренерот Наќо Тотовски Тиквеш конечно ја освои македонската Републичка лига во 1971-72. Hапаѓачкото дуо Кимов - Тотов постигна заедно 36 голови во текот на сезоната (Кимов 20 и Тотов 16) и му помогнаа на Тиквеш да ја освои својата прва титула во 42 годишното постоење и истовремено клубот да добие промоција во југословенската Втора лига - Исток.Во 1974-75 завршија второпласирани во македонската Републичка лига, но Тиквеш ја освои својата втора титула во 1977-78, Ангел Кимов постигна импресивни 34 голови кои го направија најдобар стрелец во лигата. Во 1970-тите Тиквеш играше во југословенската Втора лига неколку сезони, за последен пат во 1978-79 . Покрај Ангел Кимов други познати играчи кои го претставуваа Тиквеш во оваа златна ера се; Oрданчо Милков, Ангел Настев - Џанго, Никола Камчев, Благој Бошковски, Лазар Дамевски, Трајче Леов, Глигор Тотов, Ѓоко Ицев, Пане Недев, Ангел Леов, Цветко Кабрамов, Бранко Бошковски, Љупчо Ицев, Трајче Николов и др.

Aнгел Кимов почина вчера на 16. јануари 2019 година по кратко боледување .Роден е во Кавадарци во 1948 година, каде заврши основно училиште и гимназија. Според сочуваната евиденција само за првенствени натпревари за ФК “Тиквеш“ Ано има постигнато 194 гола., а сигурно таа бројка е многу поголема бидејќи евиденцијата не е целосна. Тој има добиени примамливи понуди од голем број клубови како “Вардар“-Скопје, “Пелистер“-Битола, “Победа“-Прилеп, но тој остана доследен на својот матичен клуб “Тиквеш“ и на Кавадарци. Ано како што популарно го викаа навивачите држи уште еден рекорд во Тиквеш, на натпреварот со Астибо од Штип има постигнато дури 6 гола, рекорд кој до сега не е надминат. За ФК “Тиквеш“ Ано настапува цели 16 години, и малкумина фудбалери можат да се пофалат со толкав стаж во еден клуб.

Во 1978 година во првенството на МФ лига Ангел Кимов со 32 постигнати гола беше прогласен за најдобар стрелец, а ФК “Тиквеш“ стана шампион освојувајќи го првото место во лигата. Оваа награда Ано ја има постигнато уште два пати. Ано престана активно да игра фудбал во 1982 година, но целосно не се прости од неговата најголема љубов. Продолжи да работи како тренер најпрво во ФК “Габер“, а подоцна и во “Тиквеш“ во првата и во младинската екита. За својот придонес во афирмирање на фудбалот и кавадаречкиот спорт е одликуван со бројни награди и признанија.

Нека му е вечна славата на големиот фудбалер, спортски работник и пред се добар човек.

Ангел Кимов ке биде погребан утре .Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Кавадарци од 11 до 12.00 часот.