Донацијата од традиционалната хуманитарна акција која се одржа на новогодишните и божиќните празници а ја организира кафе игротеката „Трезор“, вчера беше донирана на оние кои му е најпотребно.
Собраните играчки, алишта, обувки и парични средства вчера им беа доделени на штитенциите од дневниот центар за лица со телесни пречки во Штип и детското одделение при клиничката болница во Штип.„Драго ми е што по два месеци од акцијата, конечно го пронајдовме вистинското место и донацијата да им ја доделиме на оние на кои им е најпотребна. Огромна благодарност до директорот на јавната устанува Меѓуопштински центар за социјални работи Штип, Наталија Панова која ни овозможи да стапиме во контакт со центрите и да ја осознаеме нивната потреба“ - велат од менаџерскиот тим на кафе игротека „Трезор“, која веќе втора година ја спроведува ова хуманитарна акција. За потсетување во акцијата иницирана од кафе игротека „Трезор“ и родителите на децата кои се нивни најчести гости, несебично се вклучија и хотел „Уни Палас“, Кожувчанка, Фото Фуџи, слаткарница „Sweet Art“, Висаж, основното училиште „Страшо Пинџур“, Ликам Ѓоко Дооел, пицерија „Спанџа“, пицерија „Џакомо“, ресторан „Белисимо“ и златара „М&С Голд“.