МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На седницата ке се расправа по 28 материјали најавени во Дневниот ред.

Најзначајна , според нас, иако за тоа може да има и различни мислења, е првата точка за Кварталниот извештај за ивршување на буџетот на Општината за последните три месеци од 2018 година.

Покрај за ова советниците ке дебатираат и за физибилити студијата за третман на комунален отпад, а неколку точки се однесуваат за воспоставување на соработка со општина Демир Капија, ке се расправа по одлука за заштита и благосостојба на бездомни кучиња затекнати на јавни површини без сопственик за 2019-та.На дневен ред е и Стратегија на за лица со инвалидност ,и повеќе програми и извештаи на разни тела чија надлежност ја има Советот на Општината.Неколку материјали се однесуваат на работењето на ЈП „Комуналец„ поврзани со ангажман и утврдување на ценовници, и други прашања.

На ова седница предвидена е точка според која советниците ке можат да поставуваат советнички прашања до градоначалникот Митко Јанчев и неговиот тим во Локалната самоуправа.