На камион Кипер, му се дигнала задниот дел и удрил во транспорната лента која го премостува патот кај „Ласово мовче„ на регионалниот пат Кавадарци-Возарци
Сообраќајната несреќа, дознаваме неофицијално се случила вечерва околу 18.30 часот, кога на камион- кипер му се подигнала приколицата која пак удрила во транспортната лента на Фени која повеќе од 10 години не е во уптреба. Притоа , возачот е повреден а камионот заедно со рушената лента го оневозможиле сообраќајот.Во моментов сообраќај по делницата од овој регионален пат (Кавадрци-Возарци-Мотел Дреново) не се изведува а Полицијата во Кавадарци препорачува - најмалку уште час-два да се користи обиколницата односно делницата Кавадрци-Росоман-Сирково-Мотел Дреново. Инаку во сообраќајната несреќа , нема жртви .
Повикана е на интервенција на Компанијата Метал Инвест која со специјална дигалка го отстранува тешкото возило од патот а има и интеревнција на сечење на металните компоненти од железмиот дел на лентата која го премостува патот.
За присуството на киперите на овој дел од регионаниот пат ,и влијанието на безбедноста на сообраќајот , од подамна реагираат граѓаните, и инстутуции од сообраќајната свера како и општинските органи. Информацијата ја објавуваме во 21.30 часот.