Kуќата на браќата Глигор и Ристо Мојсови-Баровски.
„Тука поминавме еден добар дел од нашето детство. Со многу убави спомени од мојот другар Ѓоко, неговите сестри Стефка и Драгица, тетка Трајана, како и децата на чи Ристо, Данаил и Томе. Фотографијата ја направив во 1980 година за потребите на РЗ за заштита на спомениците на културата, бидејќи беше една од десетте куќи во Кавадарци, кои требаше да се стават под заштита на државата.“
Петре Камчевски