МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Соопштение од Кабинетот на градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчв во врска со најавената промена на времето

„Согласно најавите од УХМР Скопје, од денес попладне следи промена на времето проследена со врнежи од снег и засилен северен ветер, како и пад на температурата до -10 C. Врнежите од снег ќе започнат во вечерните часови и ќе бидат проследени со засилен северен ветер, при што е можна појава на снежни навеви и голомразица. Затоа се препорачува на жителите на подкожувјето и бошавијата во наредните неколку дена непотребно да не ги користат овие патни правци бидејќи истите подлежат на навеви од снег. Исто така се апелира на старите и изнемоштени лица како и децата наредните неколку дена да ги поминат во градот.Зимската служба на Општина Кавадарци непрекинато ќе ја следи состојбата и благовремено ќе реагира и интервенира согласно категоризацијата на улиците и локалните патишта.Доколку е поребна интервенција или помош при движење на тешко пристапни патишта поради невремето може да се јавите на телефонскиот број 070 314 140 или на 192.

Со почит,Кабинет на Градоначалник “.