МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во Кавадарци, поради трагедијата на патот Скопје - Гостивар,во која загинаа 15 луѓе,откажана е прославата на Свети Трифун на Градскиот плоштад.Испратено е Соопштение од Кабинетит на градоначалникот Митко Јанчев

„Почитувани,

Ова е голема трагедија за нашата земја, во овие тешки мигови не се опишува болката која ја предизвика оваа голема несреќа. Градоначалникот г-дин Митко Јанчев, Советниците од Совет на Општина Кавадарци и граѓаните на Општина Кавадарци изразуваат длабоко сочувство до семејствата на загинатите и брзо заздравување на повредените.

Владата на Република Македонија излезе со официјално соопштение дека наредните два дена се прогласени како денови на жалост.

Општина Кавадарци во целост ја откажува манифестацијата по повод празникот св.Трифун. Сите активности кои беа предвидени на Градскиот плоштад се откажуваат. Граѓаните на Општина Кавадарци може да присуствуваат на литургиите во храмовите и сомболичното закројување.

Со почит, Кабинет на Градоначалник„-се вели во соопштението.