Се реализира комунално еколошкиот проект за формирање на пешачка патека.

Спојувањето на улиците „Страшо Пинџур“ и „4 Мај“ станува реалност. На овој дел од „Желков дол“ се оформува пешачка патека со покривање на коритото на поранешен „Желков дол“ со тампон.

Деновиве ангажираната фирма работи на шалување на пристапните скали од улицата „Страшо Пинџур“, откако претходно во бетонираното корито на долот, беа поставени две линии на пластични корогирани цевки со профил фи-600мм, како и шахта за зафаќање на атмосферските води.

Долж делницата предвидена за пешачка патека ќе бидат поставени бехатон коцки, а новоформираната пешачка патека општината ќе постави 7 канделабри од јавното улично осветлување.

52308639_2360438514180196_2880902464012288000_n.jpg