Синоќа во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци беше отворена изложба на дела од осмото издание на биеналната изложба на графики “Кумановски графичари 2018“, која е во организација на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ Куманово
На изложбата ќе бидат претставени графики на кумановските ликовни уметници: Зоран Јакимовски, Мирослава Цветковиќ, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Милена Арсовска, Валентина Илијевска, Наим Идризи, Симона Јакимовска, Ана Јовановска, Елеонора Накевска, Сандра Симоновска, Марио Стошевски и Дејвид Стоилковски.
ЗА овој културен настан говореше ликовниот уметник Владимир Темков - од Домот на Културата а за самото биенале и графиката како стил на работа во сликарството зборуваше професорот во Гимназијата во Кавадарци и ликовен уметник Ванчо Кеков.