МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Соопштение од ЈЗУ Општа Болница со проширена надлежност Кавадарци.

„Сакам да ја информирам јавноста дека денес е регистриран уште еден позитивен случај од Корона вирус ( CoVid - 19) во нашиот град.

Се работи за 36 годишен кавадарчанец , кој за прв пат се јавил на преглед во Инфективната амбуланта во нашата болница на 9-ти април со симптоми на лесно покачена температура, чешање во грлото и малаксаност. По направениот специјалистички преглед, пациентот е упатен на дополнителни лабораториски испитувања и Ртг на бели дробови. Утврдено е дека наодите од овие испитувања се уредни. Препишана е соодветна симптоматска терапија и совет за домашно лекување.

Заради симптомите, кои се карактеристични за КОВИД 19, лицето веднаш е упатено во Центарот за јавно здравје Кавадарци, каде што му е земен брис од грло и нос.

Потоа од страна на Епидемиологот, по протокол, даден е совет за самоизолација во траење од 14 дена.

Денес, по добиениот позитивен резултат, пациентот е контактиран од страна на нашиот инфектолог при што е добиен податок дека истиот е без никакви симптоми и се чувствува добро. Консултирана е веднаш Инфективната клиника во Скопје за овој случај и од таму е потврдено дека пациентот во овој момент нема потреба да се хоспитализира. Дадена е препорака истиот да остане на домашно лекување во траење од 14 дена , со назнака да биде во секојдневен контакт со матичниот лекар и за било каква промена да се консултира инфектолог.

Во ЦЈЗ Кавадарци извршена е епидемиолошка анкета за лицето, контактите се веќе утврдени, кај сите се земени брисеви и истите се испратени на испитување.

Ја користам оваа прилика, уште еднаш да упатам апел до граѓаните, доследно да се придржуваат до препораките и мерките за заштита пропишани од страна на Владата. Ова особено важи за деновите од Велигденските празници кои се пред Нас.

Др. Диме Коцев

Директор на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци„-

Се наведува во соопштението од Општа Болница со проширена дејнoст Кавадарци.

м.д.