Реализацијата на сообраќајниот проект за подобрување на вертикалната патна сигнализација продолжува според утврдената динамика.

Денеска се спроведе монтажата на Полу порталните столбови-носачи на лантерните на раскрсницата на улицата „Илинденска“ со улицата „Мито Хаџивасилев-Јасмин“. Проектот предвидува овде да се постават три носачи и тоа два на улицата „Илинденска“ и еден на ул.„Мито Хаџивасилев-Јасмин“.Претходно оперативата на изведувачот „Конструктор“ од Кочани, ги постави 4-те мали столбови за пешачките семафори. Во првата фаза беше извршена целосна реконструкција на подземната елекрична инсталација.Полупортални столбови ќе бидат поставени и на преостаните две раскрсници предвидени за реконструкција на семафорите и тоа три кај „Старата автобуска“ и 2 столба на бул. „Моша Пијаде“ на раскрсницата кај ООУ „Гоце Делчев“.Ова е прв сеопфатен зафат за реконструкција на семафорите од нивното поставување во седумдесеттите години од минатиот век.

54268498_2377813395776041_6674710938437812224_n.jpg54435163_2377813375776043_2568586375121076224_n.jpg