МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Интергрален текст

„Во врска со вчерашното известување за одредени дефекти предизвикани од фирми кои работат и се ангажирани со проектот од КФВ банка ве известуваме дека настанатите дефекти на одредени локации во градот кај што има градежни активности се поради тоа што :-Има стари линии кои не се внесени во новиот катастер -Има линии кои се на некој начин поврзани со веќе постоечките нови линии а не се вметнати со текот на времето во постоечкиот и стариот катастер-Има линии кои се тотално исклучени од употреба а сепак се врзани на нова линија.

За таа цел да во овој период во кој имаме кризна ситуација веќе направивме координација и организација за да се намали обемот на активности, да има поголема контрола на зафатите кои се работат и да има внимателност при работењето за да не дојде до поголеми дефекти и хаварии на системот за водоснабдување. Наведеното во вчерашното известување дека 90% од дефектите во градот се предизвикани од наведените фирми , не значи дека 90 % дефектите од цел град се вина на фирмите, туку тоа се локациите на кои се работи на реконструкција од истите фирми. Имено исто така беа наведени неколку фирми како причинители за настанатата вчерашна, а и други ситуации, сепак наша должност е да го снабдуваме непречено градот со вода, и моравме на некој начин да реагираме по тоа. Со сите градежни фирми како и посочените фирми кои работат на територијата на Општина Кавадарци ЈП Комуналец има добра соработка и секогаш кога е тоа потребно излегуваа заедно на терен за санирање на дефекти. Реагираме и по тоа што кој работи и греши ама во овој случај целокупната реакција беше за тоа што граѓаните реагираат и за главен виновник во новонастанатите ситуации го посочуваат ЈП Комуналец Кавадарци. ЈП Комуналец во најкраток рок после секоја пријава за дефект , дали при изведба и реконструкција, дали при дефект настанат од друга природа со сите можни расположиви капацитети во најкраток рок пристапува кон санирање на дефектите. Затоа реагираме дека при извршувањето на работните задачи пред се треба голема внимателност, стручност па ако треба и временски по споро да одат работните активности со цел на намалување на штетите кои се предизвикуваат при брзање за извршување на некој зафат. Како и да е тука сме сите за доброто на граѓаните и ЈП Комуналец и во ова време на општа криза непречено ќе се труди, а и тоа ни е должност да градот и околните села кои спаѓаат во системот на водоснабдување Лукар, непречено ги снабдува со вода и ги оддржува линиите од цела вововодна мрежа. Исто така се молат граѓаните рационално да ја користат водата за пиење и да не изведуваат градежни зафати во нивните дворови самоволно, без пријава и надзор од ЈП Комуналец за да не направат штета со тоа на нивните сограѓани. Дивите приклучоци ќе се казнуваат најригорозно, а истите можат да предизвикаат и големи хаварии на системот.„ се наведува во денешниото соопштение од ЈП Комуналец-Кавадарци кое следува по зачестенуте дефекти предизвикани од реконструкцијата на водоводната мрежа во рамките на проектит кој го финасира КФВ банката