Се работи за проект финасиран од Програмата за прекугранична соработка ИПА меѓу Грција и Македонија
Општина Кавдарци доби бизнис центар. Проект кој беше плод на прекуграничата соработка со општините Едеса и Кавадарци. Центарот е финансисран од ИПА 1 програмата на европаската унија со кој се изврши реконструкција, адаптација, модернизација, опремување, а истиот ќе го користат млади бизнис претприемачи и регионалната Стопанска комора, се со цел подобрување на бизнис климата во Кавадарци.
Со овој проект се финализираше првиот програмски период од 2007 до 2013 година. Задоволство од соработката изрази и Евангелис Кирјаку, директор за туризам при општина Едеса, цврсто убеден дека општинските администрации на двете општини имаат силни капацитети да го поддржат бизнис секторот не само во областа на туризмот и земјоделието туку и во другите сфери.Ова е четвртти по ред проект од прекуграничната соработка со што Кавадарци е општина со најмногу реализирани проекти на национално ниво. На новинарско прашање за изградбата бизнис центарот Градоначалникот Александар Панов вели дека истиот е изграден со европски пари.Освен бизнис центарот плод на прекуграничната соработка се и проектите "Гастрономски патишта на Кајмакчалан“ со кој се изгради новиот музеј, проектот за електронска аукција на земјоделски производи преку кој се направи платформа за електронска аукција на земјоделски производи која за жал е многу малку користена од земјоделскиот сектор во општина Кавадарци и проектот за локалните заедници во еколошки акции со кој се изгради поголем дел од колекторскиот систем на општина Кавадарци. Сите овие проекти се со вредност околу пола милион евра.
За реализација на овој значаен проект говорат : Раководителот на секторот за локален економски развој на Општина Кавадарци Тодор Ефремов,директорот за туризам при општина Едеса, Вангелос Киријакис и градоначалникот на Кавадарци Александар Панов