МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на специјализираната фирма „Бојта инг“ започна со одбележување на хоризонталната патна сигнализација на 12-те нови асфалтни легнати пречи.

Ова е завршна фаза од проектот за поставување на забавувачи на сообраќајот кои според сообраќајниот проект се изградени на 8 локации на градските улици и тоа пред основните и средните училишта.Се работи за асфалтни легнати пречки со должина од 6 и широчина од 4 метри, на кои се исцртуваат бели линии за означување пешачки премини-зебри. Претходно паралелно со нивното асфалтирање општината постави и вертикална патна сигнализација од сообраќајни знаци за предупредување.Со овој проект општината очекува подобрување на безбедноста на пешаците, како и намалување на непрописното брзо возење низ значаен дел од градските улици.

54525071_2379099362314111_4448809867741757440_n.jpg54433842_2379099382314109_5127582788349853696_n.jpg