До Министерство за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство , Регионалното Здружение на ,лозаро овоштари Кавадарци испрати барања со кои ке ги застапуваат лозарите ова 2023 година.„
-Бараме заедничка средба со Министерот за Земјоделие, г-дин Љупчо Николовски, и да ги повика винариите, откупувачи на винско грозје, пред празникот Св. Трифун, да кажат колку количина планираат да откупат по сорти, со која шеќерност и цена по килограм, за реколта 2023 година.
-Веднаш да се донесе закон со кој ќе се гарантира минималната откупна цена на грозјето, и тоа по шеќерни единици: за Вранец 18 шеќерни единици = цена 20 ден./кг., а за Смедеревка 16 шеќерни единици = цена 18 ден./кг.
-Бараме обештетување и исплаќање за пролетното измрзнување на лозовите и овошните насади каде што беа зафатени реоните: Кавадарци – Неготино – Демир Капија – Росоман, и беше прогласена Елементарна непогода од мраз - 2021 година. Бараме обештетување од Државата за донесената одлука од Собрание на Град Кавадарци и Неготино, каде што имаше Елементарна непогода од суша – 2021 година на сите лозари и овоштари за претрпената штета од невремето и каде што Водостопанство „Тиквеш“ не можеше да им обезбеди вода за наводнување.
-Бараме обештетување од Државата за штетата предизвикана од невремето со град кое ги оштети лозовите и овошните насади во реоните Неготино и с. Сопот.
-Бараме исплата на редовните субвенции од хектар за оддржување на лозовите и овошните насади и истите да се исплатат пред празникот Св. Трифун (14.02.2023) со можност за нивно покачување, затоа што цената на сите заштитни средства и ѓубрива е значително покачена, и да се исплаќаат календарски пред сезоната за сите култури.
-Бараме итно исплаќање на средствата наменети за регистриран - Млад земјоделец, односно +20% од редовните субвенции за 2021 и 2022.
-Кога имавме состанок во месец Април 2022 година во Собрание на Град Кавадарци, со присуство на Министер за Земјоделие, г-дин Љупчо Николовски, со здруженијата и Градоначалниците од тиквешијата, Вие Министре ветувавте, дека за 15 дена од тогаш ќе заврши постапката од Апелација и дека Државата ќе ја превземи Винаријата „Повардарие“ која е во стечај, за да се направи Дестилерија и дека ќе нема вишок на грозје, дека ќе биде откупено во целост. Но, до ден-денес не излезе ништо од тоа, пак на сето тоа оваа реколта 2022 останаа над 10 милиона килограми грозје во тиквешијата неоткупено кое скапува по нивите, а Вие ништо не превземавте како Влада, а лозарите од тиквешијата останаа без приход и мораа да земаат кредити за да ги покријат трошоците за заштитни средства и водниот надоместок.
-Од Ваша страна беше соопштено дека ќе има историско покачување со 30% на цените за грозје продадено во Винарија од ланската реколта, но и тоа не се случи. Грозјето се откупуваше по цена: Вранец 12ден./кг и Смедеревка 10,5ден./кг исплата за 7 дена. Лозарите бараат обештетување за продаденото грозје по пониска цена од договорената, односно: Вранец 15ден./кг и Смедеревка 13ден./кг.
-Бараме да им се пуштат парични средства на Водостопанство „Тиквеш“ со кои би ги поправиле расипаните пумпни станици, да се направи каналската линија од 850 метри К1–Ваташа, која не е во функција 5 (пет) години, да се донесе каналска мрежа во сушните реони во месноста Овчка Река, Смилица и месноста Брушани, за каде што има готов проект од 2016 година.
-Бараме законот за осигурување на земјоделските култури да остане по старо (на доброволна база) затоа што има култури кои немаат наводнување и на лоша година – немаат приход, од причина што никој не би го осигурал лозјето со исушено грозје. Исто така, осигурувањето да не биде обврзувачки поврзано со редовните субвенции.
-Бараме одложување на донесениот Закон за исплаќање на редовните субвенции само на оние кои што грозјето го даваат во Винарија, и истите да продолжат да се исплаќаат на сите земјоделци кои што одгледуваат лозови насади, без разлика дали истото го даваат во винарија или не, бидејќи откупот е ограничен и Винариите не можат да го соберат целото грозје. -Доколку одредени лозари не склучат обврзувачки договор на двете страни Лозар – Винарија пред Св. Трифун, Државата да ги обештети со реален износ на парични средства, а лозарите да ги искројат лозјата на резник без родност.
-Бараме исплаќање на ветените +2ден./кг на грозјето за сите вински сорти и продадено во гајба за извоз, до 30.04.2023 година., “ се наведува во дописот до РТК.МК од Регионално Здружение „Тиквешки Лозаро Овоштари“ Кавадарци.