МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во склоп на програмата „За убаво Кавадарци“ Општината го реализира проектот за надополнување на зелените јавно прометни површини со урбана опрема.

Деновиве на улицата „Илинденска“ се поставија нови типизирани клупи за одмор со ист дизајн како оние на плоштадот. Но општината старите клупи кои беа во употреблива состојба ги обнови и тие ќе бидат распоредени на повеќе локации низ градот.Вкупно се заменети 25 клупи кои по репарирањето ќе се постават на следните јавно прометни површини чии локации се: Бул. „Моша Пијаде“, Згради „Лепотици“, зад катастарот, Бул. „Никола Минчев“ кај УЈП, Бул „Кочо Рацин“ под „Пикасо“, Себастијан детски парк, мост кај ООУ „Пепето“, на локација кај стариот монопол, на паркче на ул „Витачево“ на ул. „Киро Крстев“ од мостот „Слога“ и во Градски парк.Со овој проект општината ќе го подобри процентот на опфатеност со урбана опрема за одмор на граѓаните.

55576797_2383507635206617_6562876793278169088_n.jpg