„На 29 ти октомври ќе треба повторно да дадете поддршка и да одлучите во чии раце ќе го дадете Кавадарци„ се вели во писменото обраќање на Митко Јанчев до граѓаните.
Интегрален текст :
„Во изминатиот период работевме напорно и бевме фокусирани на вчерашниот ден. Првиот круг од локалните избори помина со резултат кој не носи во втор круг во Кавадарци. Победата е наша, ни недостасуваше многу малку за да заокружевме уште во првиот круг. Пред се сакам да им се заблагодарам на сите граѓани кои излегоа да гласаат и го искористија своето право на глас. Сакам да се заблагодарам на Вас граѓаните, мои сограѓани, роднини и пријатели, кои ми ја дадовте целата поддршка. Голема благодарност и до членството на ВМРО- ДПМНЕ кое работеше напорно за да стигнеме до овие резултати. Вие сте свесни што му треба на Кавадарци и разумно можете да одлучите за иднината на нашиот град. Моето дејствување за Кавадарци е поткрепено со дела кои траат до ден денес, мојата заложба за градот и граѓаните, уште пред мојата кандидатура, не може да биде заборавена и да се стави сенка на моето работење. Сум вложувал во Кавадарци и ќе продолжам без разлика на се, затоа што Кавадарци заслужува.
Им честитам на сите нови градоначалници кои заокружија победа во прв круг, им посакувам успешна работа и се надевам дека ќе работат во интерес на граѓаните. На 29 ти октомври ќе треба повторно да дадете поддршка и да одлучите во чии раце ќе го дадете Кавадарци. Ова се избори за нас, за нашето Кавадарци. Избори во кои треба сами да одлучите за Вашата иднина. Иднината на Кавадарци е во Ваши раце, нека биде тоа разумна одлука. За убаво Кавадарци. Кавадарци на прво место.
Со почит,
Митко Јанчев“ ,
се вели во писменото обраќање нa кандидатот за градоначалник на Општина Кавадарци на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ-Митко Јанчев.