МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

10 април 1943 година во Кавадарци во куќата на Родна Мајсторчева е формирана организацијата на Антифашистичкиот фронт на жените АФЖ.

На основачкиот состанок било избрано раководство кое го сочинувале: Марија Хаџи Василева, Зорка Ицева, Родна Мајсторчева, а била кооптирана и една жена од турска националност. Основната активност на оваа организација било нејзиното омасовување, собирање на храна, облека, оружје, воен материјал и т.н. “народна помош“. Во ноември 1943 година раководството на АФЖ се проширило со Ката Орданчева Мукаетова, Султанка Хаџи Василева и Ана Чемерска.