Амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар и Никола Бертолини, Раководител на секторот за соработка во Делегацијата на Европската Унија денеска го посетатија Кавадарци во рамки на кампањата „ЕУ за ТЕБЕ".Oдржана работилница за фондовите на ЕУ.
Кавадарци беше дестинација во серијата посети фокусирани на младите, за време на кое се дискутира и ќе разменуват мислења за Европската Унија. Амбасадорот Жбогар ќе дебатира со учениците од Средното училиште „Добри Даскалов“.
Никола Бертолини, Раководител на секторот за соработка во Делегацијата на Европската Унија одржа работилница на која беа презентирани фондовите на ЕУ и начините за нивно подобро искористување. Работилницата беше отворена за јавноста.
Бертолини го посети спортскиот турнир организиран во рамките на Регионалната програма за локална демократија во западниот Балкан (РеЛОаД) кој е финансиран од Европската Унија и имплементиран од УНДП. Програмата го зајакнува партнерството помеѓу локалната власт и граѓанското општество и има за цел да ја зголеми социјалната инклузија на луѓето со попреченост преку спорт и рекреативни активности.