МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Зимската служба на Општина Кавадарци работи со полна пареа.Oд Кабинетот на Јанчев сме информирани за интвенциите на Зимската служба на подрачјето на Општинава.

„Денес регионот е зафатен од силни врнежи на снег. Измерена е снежна покривка од 90 сантиметри во с.Мрежичко и 60 сантиметри во Подкожувјието и Бошавијата. Во моментот 1 булдужер го чисти патот Бојанчиште - Куманичево и 1 булдужер Конопиште - Лукар со што се пробива патот се со цел лесно движење и непрекинато водоснабдување од страна на ЈП Комуналец. 2 возила од Македонија пат работат на патот Кавадарци - Мушов гроб.2 големи трактори со нож и соларка работат на патот Мушов гроб - Мајден и на патот Мајден - Рожден. Уште две возила на зимската служба на Општина Кавадарци работат на пробивање на правците кон Михајлово, Страгово, Крњево, Бохула, Бојанчиште, Граниково и Чемерско. Активна е и една фреза за фрлање на снег на местата кај што има наноси од снег.“- се вели во известувањето за јавноста.

Capture.PNG49582310_683632848700937_9057102870595239936_n.jpg

49582233_2331047357119312_3518025463253434368_n.jpg

49582290_2331047273785987_7388051972047241216_n_1.jpg