Вчера во посета на ООУ “ Димката Ангелов Габерот ” село Ваташа беа учениците од големите групи на клонот Ваташки Цветови и Снежана , односно дечиња кои ќе бидат идни првачиња.
Во нивна чест, во училиштето беше организирана мала културно уметничка програма и велигденски базар подготвени од нашите ученици.
Дечињата имаа можност да се се запознаат со условите, наставниците и организацијата на воспитно –образовниот процес во самото училиште.
Тие за првпат седнаа во училишните клупи и се запознаа со местото каде ќе го поминат најголемиот дел од своето детство, местото на кое ќе го започнат другарувањето со книгата.
Присутните дечињата ги поздрави директорот на училиштето Марјанчо Јанкулов, посакаувајќи им топло добредојде и искрена надеж дека ќе бидат ученици во истото .