Денеска во Музе-галерија Кавадарци беше отворена самостојна изложба на фотографии на Томе Лисичанец, актуелен претседател на Здружението за зачувување на природата „Аквила“ од Кавадарци.
Изложбата со наслов „70 години со планините“ има 135 фотографии со мотиви од македонските планини и од природата со која тој ја одбележува својота долгогодишна планинарска активност. Негова цел е да ги запознае своите сограѓани со природните знаменитости на Македонија .
Тој е екологист, кајакар на диви води, каратист, тренер и судија за борење слободен стил, познавач на оринтофауната, фото-аматер и планинар .Томе Лисичанец претставува пример за вљубеник во природата. Изложбата во Музеј-галеријата во Кавадарци ќе биде отворена 14 дена.