НА 7 мај 1885 година во Кавадарци семејството на Паис и неговиот син Александар Велков ја отвораат винаријата “Тиквеш“.
Во почетокот нејзиниот капацитет изнесувал од 30 до 80 илјади килограми преработено грозје, а подоцна истото достигнива до 300 илјади килограми. Произведувале неколку врсти вели и црни вина гроздова ракија, ликери и сокови од грозје. Соработувале и со познатата солунска фирма “Метакса“. Винаријата имала и сопствена меана во која се трошеле само нивни производи. Во винаријата подоцна како енолог работи синот на Александар, Пане Велков, на фотографијата стои долу. Винаријата е национализирана во 1946 година, а средствата за производство им се одземени и подоцна ги користи новоформираната лозово-винарска визба “Бел Камен“, подоцна АК “Тиквеш“.
П.Камчевски