МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(115x115)
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

По успешно спроведената јавна набавка за избор на најповолен изведувач на работите за ревитализација на локалниот пат помеѓу селата Крњево и Бохула, фирмата „Жикол“ од Струмица го реализира на терен овој значаен инфраструктурен проект од патната мрежа во општината.

Проектот за проширување на локален пат до селото Бохула-Крњево е одобрен од Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој. Инвестицијата опфати проширување и асвалтирање на локалниот пат кој ги поврзува селата Бохула и Крњево во должина од 4,4878,5 метри и ширина од 5,5 метри. Проширувањето на патот се однесува цела должина на постоечкиот пат кој е со ширина од 2 метри, како би се добила коловозна конструкција од 5,5 метри.

Инаку асфалтирањето е целосно завршено, деновиве се поставуваат банкинии канавки и мали дотерувања по што патот ке биде целосно завршен.

vinicka-krsla.jpg

Ревитализацијата е од особено значење за подобрувањето на квалитетот на животот на жителите во руралните средини, со тоа што ќе се олесни движењето и комуникацијата помеѓу двете села, подобрување на патната инфраструктура која е од особено значење за постоечките стопански субјекти и идни инвеститори, значителено ќе се подобрат условите за развој на туризмот, бидејќи изградбата на овој локален пат е дел од патната инфраструктура до Ски центарот Кожув.

Планираниот износ на овој проект изнесува 19.990.527 денари, од кои општина Кавадарци учествува со 18% или 3.049.403 денари. Останатите средства за реализација на овој проект во износ 16.941.124 се обезбедени од Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој.