МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 14 мај 1943 годинае формиран Тиквешкиот партизански одред“Добри Даскалов“, на планината Вишешница

Тоа е една од најголемите и најборбените партизански единици во тој период под бугарска окупација. На денот на формирањето одредот брои околу 60 борци, а за кратко време неговиот број се зголеми. Штабот на одредот го сочинуваа: Никола Минчев- командант, Димката Габерот- политички комесар, Лазар Калајџиски- заменик командант и Петар Пепељуговски- заменик политички комесар.

Oдредот го добил името на предлог на Димката Габерот во чест на прославениот тиквешки војвода од овој крај со што се ставило до знаење дека партизаните ја продолжуваат борбата на нивните татковци и дедовци илинденците.

Одредот водeел големи борби во селата: Гарниково, Бојанчиште, Драгожел, караулите “Шаренка“ и “Порта“. Подоцна станал јадро за формирање на баталјонот “Страшо Пинџур“ на планината Кајмакчелан на 24 септември1943 година

На настанот кој се случи пред 76 години и е многу значаен за нашата борба во НОБ, не потсетија борците и подржувачите на НОБ, и Локалната самоуоправа Кавадарци кои денеска беа присутни на Спомен обележјето кај село Бојанчиште подигнато во чест на oвој настан и положија цвеќиња на споменикот. Цвеќе положија и преставници на Боречката органзиација од Неготино.За овој значаен настан од НОБ во Тиквешијата говореше Петре Камчевски- поранешен директор на Музеј Галеријата од Кавадарци.

45500.jpg

432123.png