МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци финишира со реализацијата на неколку проекти од Програмата за комунална изградба во 2017 година

Оперативата на фирмата „Жикол“ од Струмица, вчера работеше на поставување бекатон коцки на источниот влез во селото Брушани. Со овој проект се поплочува улица со површина од 650 м2, на потегот од спојот со асвалтот на локалниот пат Кавадарци-село Брушани кон новоизградената црква во селото. За оваа намена беа потрошени 762.700 денари од оперативниот буџет.

Оперативата на истата фирма го заврши поплочувањето на улица во селото Ресава од правецот на Село Дабниште кон центарот на Ресава. Се работи за поставување на павер елементи, на вкупна површина од 160 м2. Во овој проект општината инвестираше вкупно 188.000 денари.

На улицата „Народен фронт“ во Кавадарци каде претходно се работеше на подготвување на подлогата, деновиве беше извршено поставување на павер елементи на тротоарите од двете страни на улицата.

Фирмата „Инвест груп“ од Неготино пак постави бекатон коцки на вкупна површина од 1.000м2. За оваа намена се потрошени 800.000 денари, обезбедени од сметката на буџетот за комунална изградба.

Општината со овој зафат овозможи побезбедно и непречено движење на пешаците на оваа фрекфентна улица.

Преку овие проекти Општина Кавадарци директно придонесува во подобрувањето на инфраструктурата во овие две села и во градот со што се подига стандардот на живеење на граѓаните.