-„На 16.05.2019 година околу 09.30 часот на локалниот пат за село Дреново, кавадаречко, патничко возило „Шкода фелиција“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ц.П.(56) од с.Дреново, излетало од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот Ц.П. кој бил пренесен во болницата во Кавадарци, каде му била укажана лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот.

-На 16.05.2019 година во Полициската станица Кавадарци, А.Л.(30) од Кавадарци пријави дека истиот ден околу 11.00 часот на ул. „Димче Мирчев“ во Кавадарци бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница “, е наведено во денешниот билтен на МВР.

23444444444444444444444444.jpg