МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Интегрален текст

„Почитувани,

Во изминатите 2,5 - 3 години СДСМ на чело со Зоран Заев ја дестабилизира Македонија на секое поле.

Како доаѓа 12ти Април така се повеќе и повеќе СДСМ е во паника, но најмногу е во паника затоа што му се случи народ на маршот против неправдата во Република Македонија.

Повеќе од јасно е дека на 13 ти Април, Влада во Република Македонија ќе формира ВМРО – ДПМНЕ на чело со проф. д-р Христијан Мицкоски.

Во изминатиот период како најголема политичка партија презентиравме еден дел од мерките во кој ВМРО – ДПМНЕ ќе настапи на претстојните предвремени парламентарни избори.

Како и во минатото, така и сега се обврзуваме дека ќе работиме неуморно за да ги реализираме предизборните ветувања.

Исто така морам да истакнам дека ц, општество во кое ќе гледаат просперитет и сигурна егзистенција, за себе и за својата фамилија.

Морам да истакнам и дел од предизборната програма на ВМРО – ДПМНЕ:

-0% персонален данок за млади до 29 години;

-Невработеноста да се намали под 10%;

-За 4 години планиран раст на БДП од 4 проценти на годишно ниво; -4 милијардно домашни и странски инвестиции;

-Нови евтини летови до главните еврропски аеродроми;

-Целосна дигитализација за нула корупција во катастарот;

-300 милиони евра инвестиции во нови водоводни и канализациони мрежи.

Исто така ќе има големи инвестиции во делот на енергетиката, а со самото тоа и подобрување на животната средина.

Во делот на екологијата и енергетиката предвидени се крупни проекти и тоа:

-целосна гасификација на Македонија;

-гас за секое домаќинство;

-целосна гасификација на медицинските центри;

-ветерен парк, инвестиции во обновливи извори на енергија;

-енергетска обнова на домовите (нова фасада и нови прозорци до 50% на трошок на државата.

Почитувани,

Има уште многу реални проекти кои може да ги наброиме како дел од новата и реална програма на ВМРО – ДПМНЕ, и коалицијата за Обнова на Македонија.

Затоа сакам да им порачам на СДСМ, дека младите и граѓаните на Кавадарци веќе препознаваат сериозен партнер во ВМРО – ДПМНЕ, за подобар живот, просперитет за себе и најблиските.

За крај сакам да порачам Обновата доаѓа, а со самото тоа и повеќе за секого.„- рече Филип Тасев- претседател на УМС-Кавадарци